Политика за поврат на средства и замена

ЗАМЕНА И ВРАЌАЊЕ

Во случаите кога треба да вратите или да замените купен производ од BELLMONDO.

 Еве како треба да се изврши:

 

Услови за враќање и замена:

Секогаш имате право да го вратите или замените производот што сте го купиле во случај да не ги исполни вашите очекувања. Терминот за ова е 14 дена од приемот на пратката до адресата што ја наведовте.

Секое враќање или размена мора да биде придружено со пополнет формулар, но доколку наидете на потешкотии, можете да го контактирате нашиот тим избирајќи го најзгодниот начин за вас: телефон 00389-78-374 или е-пошта pesovski_mkd@yahoo.com

Пратките се враќаат само со курир на адреса:

Bellmondo
Peshovski Ekskluziv dooel
ul. Sv. Joakim Osogovski  бр.7
1330 Kriva Palanka
078-374-802

а трошоците за достава се на ваш терет.

 

Само пратки кои ги исполнуваат следниве  услови се прифаќаат за враќање или замена:

Тимот на BELLMONDO  е известен писмено или телефонски дека пратката ќе биде вратена или заменета.

Пратката мора да биде во комерцијална форма - чиста и во оригинално пакување, со сите достапни етикети; дека не е употребен/носен или третиран со препарати.

Предметот за враќање или замена мора да биде со сите примени документи.

Кон пратката за враќање или замена мора да се додаде адресницата од карго службата со која е подигнат производот.

Bellmondo  го задржува правото да не прифаќа вратени производи кои не ги исполнуваат горенаведените услови.

 

Несоодветна големина и враќање:

Во случај да сакате да го замените избраниот модел со друга големина или сакате да добиете друг производ , тогаш мора повторно да ги следите чекорите опишани погоре.

Штом нашиот тим BELLMONDO  ќе ја добие замената пратка, ќе ви испратиме нова што е можно поскоро, според вашите последни опишани барања. Трошоците за испраќање нов артикал, во случај на замена се на ваш трошок.

 

Трошоците за враќање на предметот се на товар на BELLMONDO во случаите  кога:

 

Доколку примената пратка   има сериозни повреди на нејзиниот физички  изглед,  пакување и нејзината содржина(документирано со фотографии);

Доколку производите се погрешно испорачани или погрешно фактурирани од страна на испраќачот (документирано со фоторафии);

Доколку производите имаат производствени дефекти( документирано со фотографии).

Во овие случаи  https://www.bellmondo.com.mk/  ќе ги сноси трошоците за испорака .

 

Рефундирање:

 

Во случај да сакате да го вратите купениот прозвод во целост.

Да, понекогаш и тоа се случува, можно е големината на добиениот модел да укаже потреба да се замени или производот да не одговара на вашите очекувања, без оглед на причината, мора повторно да ги следите опишаните чекори погоре или да го контактирате нашиот тим на BELLMONDO.

 

Откако BELLMONDO ќе ја прими пратката и ќе се увери во нејзината уредност, како и присуството на придружните документи, адресницата , сумата ќе ви биде вратена ПО БАНКАРСКИ ПАТ  на сметката на лицето што ја направило нарачката. Износот ќе биде вратен во рок од најмногу 7 дена по приемот на вратената стока.

 

Со Почит,

BELLMONDO

Bellmondo © 2024. UKION SHOPS